Напната атмосфера во Косово: Запален автомобил на Србинка
На северот на Косово е напната атмосферата откако им беше наредено на српските државјани да ги сменат регистерските таблички во косовски.
Во полиција денеска било пријавено дека бил запален еден автомобил со косовски регистерски таблички на една Србинка.
Нема повредени лица во инцидентот, а предизвикана е само материјална штета.
И во претходните недели имаше слични инциденти во Косово, кога беа запалени повеќе автомобили.
08.11.2022 - 20:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа