ФОТО: Готвачка во Врање од газдата добила автомобил за 10 години работа во фирмата

 

Готвачка на познат ресторан во Врање, Јована Јанковиќ од својот газда добила несекојдневен подарок, односно автомобил.

За тоа пишуваат медиумите од регионот, а газдата Ивица Цветковиќ решил да ја награди затоа што работела напорно и притоа останала верна кон фирмата.

„Па тоа е како за овие 10 години платата да ѝ била поголема за 2.000 динари. Ние се договаравме, дали да добие парична награда или автомобил, па решивме да ја изненадиме со возило“, вели газдата.

10.11.2022 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега