Вучиќ од Тирана: Подобро да седите на масата, отколку да сте мени на неа
Во Тирана се одржува првиот самит на земјите-членки на Европската унија и земјите од Западен Балкан, на кој по неколкудневна неизвесност присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој на новинарите во Тирана им порача дека е подобро да се биде „за масата отколку на масата“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Важно е, не само поради пријателството со Албанија и Отворен Балкан, секогаш е подобро кога сте на маса, оти ако не сте за масата. Тогаш обично сте на мени и ова е добра можност да ги чувате интересите на Србија, изјави Вучиќ, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
Тој на новинарите им изјави дека Србија останува посветена на процесот на дијалог со Приштина и на процесот на европска интеграција, а во исто време штитејќи ги своите национални и државни интереси. Тој кажа дека дошол да го објасни ставот на Србија и да го слушне ставот на лидерите на ЕУ.
-Јас сум реалист, тука сум да научам многу од луѓето од ЕУ, да ги слушам и конечно да ја објаснам позицијата на Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа