Турција прифатила да биде испратен спасувачки тим од Кипар
Турција, сепак, ја прифатила понудената помош од Република Кипар за испраќање спасувачки тим, преку европскиот механизам за цивилна заштита, објавија кипарските медиуми.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кипар Димитрис Димитриу на Твитер напишал дека биле информирани од европскиот механизам дека „понудата на Кипар за испраќање спасувачки тим, беше прифатена од Турција“.
Кипарската новинска агенција ЦНА вчера објави дека Република Кипар изразила подготвеност да помогне во спасувачките напори по земјотресот, но турската страна не ја прифатила помошта.
08.02.2023 - 15:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа