Чудо во Турција: Мајка со бебе родено пред 10 дена се спасени од урнатините

 

Десетдневно момче по име Јагиз е извлечено од урнатините во турската провинција Хатај, јавува Би-Би-Си.

Како што може да се види на снимките, бебето е завиткано во термо ќебе, додека неговата мајка спасувачите ја носат на носилка. Засега не е позната нивната здравствена состојба.

Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија.

10.02.2023 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега