(ВИДЕО) Хаос во ресторан во Шабац: Не се знае кој кого удира, летаа пепелници и кригли

 

Масовно се проширува видео на социјалната мрежа Твитер, на која е прикажана масовна тепачка во ресторан која се случила минатиот викенд.

Реално, сите се запрепастени од оваа снимка, која доби негативни коментари на социјалните мрежи.

– На таа снимка има само мал дел од општата тепачка, односно втората рунда кога страстите донекаде се смирија и пред да дојде полицијата на пријавата. На видеото не се гледа пресметката која и претходела, која била жестока бидејќи не се знаело кој кого удира, па ресторанот бил вистинско бојно поле, открива извор за српските медиуми.

Пред крај на работното време, штом музичарите го завршиле последниот блок, како што најчесто се случува меѓу младите, од засега непознати причини, започнала расправија, а потоа и невидена тепачка.

Најмалку десет млади мажи и жени се тепаа меѓу себе со тупаници и нозе, летаа шолји, чаши, пепелници, инвентар од кафеаната… Шанкот се тресеше од врева, пцовки, туркање, закани и врисоци додека келнерите се обидуваа да ги смират и раздвојат раскараните гости. Оштетен е и инвентарот, а на ѕидовите останале највпечатливите траги на вандализам, пренесуваат медиумите во Србија.

10.02.2023 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега