(ВИДЕО) Земјотресот преполовил село во Турција

 

Турските медиуми јавуваат дека село во округот Доганшехир во Малатија е преполовено. Јужниот дел од селото се спуштил за два метри, додека на северот куќите останале нечепнати. Медиумите наведуваат дека пукнатината е долга 16 километри.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети продолжување на напорите за спасување и брза обнова на разрушените згради повеќе од една недела од разорниот земјотрес кој ги погоди неговата земја и соседна Сирија.

15.02.2023 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега