ФОТО: На возачот му се слошило, автобус со ученици од Ниш ја пробил банкината

 

Автобус со ученици од Ниш, Србија ја пробил железната банкина на автопатот кај Баточина во Србија, За среќа во сообраќајката нема повредени ученици.

Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 15 часот, на автопатот кај Баточина, во правец од Белград кон Ниш.

Автобусот кој превезувал ученици од гимназијата во Ниш, ја пробил заштитната ограда и застанал.

Според неофицијални информации, на возачот на автобусот му се слошило.

Тој се здобил со повреди, додека според првите неофицијални информации ниту еден од учениците не побарал лекарска помош.

Станува збор за учениците од неколку училишта во Ниш, кои како најдобри ученици биле на патување во Шпанија.

17.04.2023 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега