Планирајте предвреме: Еве какво време не очекува за 1 Мај
Времето за 1 мај, четврток, ќе биде претежно сончево со услови за краткотраен локален дожд и грмежи, информира УХРМ.
Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.
В четврток попладне и в петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи
Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.
29.04.2025 - 12:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа