Главниот обвинител на Бугарија бил цел за убиство, се огласи обвинителството
Главниот обвинител на Бугарија бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов на брифинг во врска со инцидентот со колоната на главниот обвинител Иван Гешев, што се случи рано денеска на патот меѓу градот Самоков и селото Ковачевци.
Сарафов даде детали во близина на местото каде што се случила експлозијата, јави БТА.
Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за атентат и нагласи дека нема жртви.
01.05.2023 - 15:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа