Јавен повик во тек: Струмица субвенционира купување велосиспед
Општина Струмица и годинава објави јавен повик за субвенционирање за купување велосипед во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот и заштитна опрема, но не повеќе од 10.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход, соопштија од локалната самоуправа.
Вкупниот буџет на овој повик изнесува 800.000 денари, а право на учество имаат граѓаните на Општина Струмица се до исцрпувањето на буџетот наменет за јавниот повик или не подоцна од 30 дена од неговото објавување и кои ги исполнуваат условите од овој јавен повик кои детално се објавени на општинската веб страница.
Според објавата на градоначалникот, Костадин Костадинов, Струмица има најдобра велосипедска инфраструктура и затоа таа треба да се искористи.
-Да ги оставиме автомобилите и да возиме велосипеди. До 2026 година ќе имаме вкупно 18 километри велосипедски патеки. Тоа е најдоброто што можеме да го направиме за своето здравје и за средината во којашто живееме. Покрај патеките ви нудиме и можност доколку немате велосипед да си купите, а ние ќе субвенционираме, напиша струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа