Напаѓачот од Белград направил список на жртви, убиствата ги планирал еден месец
Момчето кое го изврши масакрот во училиштето повикало полиција во 8 часот и 42 минути и кажало дека ги убило учениците од своето училиште – откри Веселин Милиќ, началник на полициската управа за Град Белград, на прес-конференција.
Тој го идентификуваше напаѓачот како Коста Кецмановиќ и додаде дека злосторството го планирал еден месец.
Милиќ на конференцијата во Владата го покажа и списокот што полицијата го пронашла кај момчето напаѓач.
На тој список се и имињата на децата кои планирал да ги убие.
Осум деца и еден чувар загинаа во масовното убиство што утрово се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Според последните информации, ранети се шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар и Тиршова.
Од осумте убиени деца седум се девојчиња.
Телата на три девојчиња А.Б., Б.А., С.Н и обезбедувањето биле најдени во училишниот хол.
Во училницата на приземјето, клас VII/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа