Драма на аеродромот во Загреб: на авион му откажале сопирачките при слетување, удрил во друго возило

 

 

На аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб се случила несреќа, кога авион во вечерните часови слетал на пистата и продолжил да се движи кон паркинг просторот, но му откажале сопирачките и удрил во друго возило.

Авионот застанал пред карго терминалот на аеродромот.  Во несреќата нема повредени, а се уште не е утврдена точната материјална штета.

Станува збор за авион стар 34 години кој  сообраќа на релација Загреб – Сараево.

Од аеродромот потврдија дека оваа несреќа навистина се случила за време на паркирањето на авионот и дека нема повредени.

Оттаму изјавија дека за настанот била известена Агенцијата за истражување на незгоди во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.

10.05.2023 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега