Стравот во Србија не згаснува: 18-годишник се заканувал со оружје - „со автомат ќе дојдам на училиште“

 

Во Сомбор полицијата уапси 18-годишник од Сомбор поради сомнение дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

На социјалните мрежи се заканувал дека ќе дојде на училиште со автомат, што и усно го повторил.

По наредба на Основниот суд во Сомбор, полицијата извршила претрес во станот во кој живее осомничениот и пронашла осум куршуми.

На 18-годишникот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава е спроведен во Обвинителството на Основното јавно обвинителство Сомбор.

Не престануваат ваквите закани, по масакрите во Врачар и Младеновац.

10.05.2023 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега