(Видео) Блокирани патишта, свирежи – Протест против насилството во Србија
Во Белград денеска се одржува протест на опозицијата под името „Србија против насилството“.
За време на протестот во Белград сообраќајот на мостот „Газела“ беше блокиран, јавуваат српските медиуми.
Собирот според написите, е организиран поради неисполнување на барањата кои беа изнесени на протестот во понеделникот по двете масовни убиства во Србија.
Митингот започна пред Народното собрание, каде повторно беа прочитани барањата, а потоа граѓаните се упатија кон „Газела“. Претходните денови собири се одржаа и во Нови Сад и Ниш.
На почетокот на собирот на собирот се обрати Ирис Павошевиќ од Народната партија.
„Нашето општество мора да се промени. Не е лесно, но во понеделникот покажавме дека можеме и немаме повеќе време за чекање. Дека ниту еден закон не може да го елиминира насилството во нашето општество. Само од почетокот на годината се убиени 17 жени. Толку од грижата за нашите деца“, рече таа и ги прочита барањата на организаторите, по што започна прошетката.
Главното барање како што пишуваат медиумите во соседството, е оставка од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а дел од опозицијата бара и оставки од министерот за полиција и директорот на БИА Александар Вулин.
Од време на време, како што јавуваат тамошните гласила се слушаат извици, аплаузи и свирежи а регистрирани се и неколку помали инциденти.
— Arsil (@arsagarson) May 12, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа