Смртна закана за хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и членовите на неговата влада
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утрово добил закана со убиство за него и членовите на неговата влада.
Според хрватските медиуми, голем број полициски возила биле паркирани пред Бански двори.
Полициската управа попладнево соопшти дека води кривична истрага „со цел да се утврдат сите околности и да се идентификува лицето“ кое упатило закани до премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и министрите.
Во соопштението се наведува дека во петокот наутро полициската управа во Загреб „примила дојава од непознато лице кое упатувало закани кон претседателот и членовите на Владата на Република Хрватска“.
„Со оглед на добиената пријава, односно сериозноста на заканите, дополнителни полициски сили се испратени и распоредени на плоштадот Свети Марко. Полициски службеници водат кривична истрага со цел да се утврдат сите околности и да се идентификува лицето кое ги упатило заканите“, се наведува во соопштението.
„РТЛ“ јавува дека заканата телефонски ја испратил маж од странство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа