Историски избори во Турција, Ердоган има најсилен противник досега

 

 

Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори.

Гласањето започна во 8 часот и ќе трае до 17 часот по локално време.

Право на глас имаат повеќе од 64,1 милиони граѓани кои своето право на глас ќе го остварат во Турција и во странство.

Граѓаните ќе бираат меѓу актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган, главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу, на кого предизборните анкети му даваат мала предност и Синан Оган. Мухарем Инџе, уште еден претседателски кандидат, се повлече од трката во четвртокот.

За гласовите на избирачите ќе се борат вкупно 24 политички партии и 151 независен кандидат.

14.05.2023 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега