ФОТО: По Ахмети, и Арсовска стана почесен доктор на науки
На престижниот состанок на градоначалници во рамки на B40 мрежата, која обединува 80 балкански градови, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, доби високо признание за нејзиниот придонес во економијата и социјалниот активизам. Медитеранскиот универзитет ѝ ја додели титулата Doctor Honoris Causa на свечена церемонија што ја собра елитата на академици, амбасадори, политичари и дипломати.
Во своето обраќање, претседателот на Универзитетот, академик проф. д-р Анастас Анѓели, истакна дека инклузивноста и почитта кон различностите се клуч за одржлив развој и општествен напредок. Со ова признание, Арсовска се приклучи на редот на истакнати личности како што се генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Покрај овој успех, Арсовска учествуваше и на состанокот на Извршниот одбор на B40 мрежата, каде беа донесени важни одлуки за зајакнување на капацитетите и соработката меѓу градовите. За време на настанот, со градоначалниците на Истанбул, Атина, Софија, Сараево, Тирана, Приштина и други, беше најавен нов заеднички проект за иновативни решенија за предизвиците што ги делат градовите во регионот. Проектот ќе се реализира во соработка со експерти од САД и Велика Британија.
„Оваа титула не е само лична чест, туку и признание за нашите заеднички напори во создавањето на подобра иднина за граѓаните на Скопје и целиот регион,“ изјави Арсовска.
Али Ахмети во 2020 година стана почесен доктор на науки. Тетовскиот Универзитет му врачи ваква титула како човек кој учествувал во развојот на оваа установа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа