Мицкоски: САД го потврдија она што го знаевме за Груби и Беџети

 


Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање го коментираше ставањето на црната листа на САД, на екс вицепремиерот Артан Груби и судијата Енвер Беџети.

-Ние во минатото многу пати зборувавме за сето ова, за кое сега и официјално нашите стратешки партнери, меѓународната заедница го посочува. Јас можам само да кажам дека во периодот кој што следи уште многу потврди на сето она за кое сме имале сомневање ќе излезе во јавноста и јавноста ќе биде запознаена, изјави премиерот.

Стејт Департментот вчера јавно ги посочи Артан Груби и Енвер Беџети за нивна инволвираност во голема корупција со прифаќање на мито за да уништат/минират судски процес за криминална пресуда на Сашо Мијалков.

10.12.2024 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега