Се затвора главната цевка: Во сабота цело Скопје без вода

 

Цело Скопје во сабота ќе остане без вода бидејќи Водовод ќе мора да ја затвори главната цевка која го снабдува главниот град со вода за да санира дефект во скопски Карпош.
Станува збор дефект на вентил на цевка Ф700 поради што ќе мора да се затвори главната цевка која има пречник од 1,6 метри.
„ Затварањето ќе биде извршено на затварач Ф1600 кој локациски се наоѓа во кругот на касарната во Ѓорче Петров, со што во моментот на отпочнување со санација неопходно е затварање на вода на главниот градски цевковод Ф1600мм. Затварање на вода на главниот градски вод Ф1600мм се прави еднаш на педесет години, а последно такво затварање било 1991/1992 година“ – се вели во соопштението од Водовод.
Прекинот ќе трае до санирањето ан дефектот. 

 

16.12.2024 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега