Тошковски: Чудно е што интерпелации се прават баш кога се гледа борбата против криминалот и корупцијата
Обичен дефокус на македонските граѓани од вистинската борба против криминал и корупција. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање ги искоментира поднесените интерпелации за него и за другите владини функционери.
-Интерпелација е демократско право на секоја една опозиција во рамки на една демократска држава. Мене лично ако ме прашате, ова е само еден обичен дефокус на македонските граѓани од вистинската борба против криминал и корупција којашто е јасна дека се спроведува, само што е започната, а ќе продолжи со посилен интензитет. Чудно е малку времето зошто сега, зошто кога борбата против криминалот и корупцијата видлива за граѓаните се поднесува интерпелација од страна на само еден дел од опозицијата, но еве да видиме кои ќе бидат нивните аргументи. Баш би сакал да ги чујам, и откако ќе чујам во рамки на она коешто ќе биде мое излагање, ќе ги изнесам сите оние факти коишто се на страна на вистината, рече Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа