Касами: Во Софија треба да гледаме наш иден партнер, наш иден пријател
Претседателот на Беса и тетовски градоначалник Биљал Касами на прашање за уставните измени денеска изјави дека владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции.
-Ние како владина колиција работиме интензивно во партнерство со Брисел и со Вашингтон, да најдеме партнери во Софија, затоа што сепак во Софија треба да гледаме наш иден партнер, наш иден пријател. Се додека го немаме овој нов контекс мислам дека уставните измени се тешко изводиливи затоа што тие не се цел по себеси. Значи уставните измени се нели во служба на забрзување и завршување што побрзо на процесот на интегрирање на државата во ЕУ, изјави Касами.
Тој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на Желино.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа