Токио: Јапонка ги натепала колегите со чекан

 

Јапонската полиција уапси студентка која со чекан ги нападна колегите на Универзитетот во Токио, при што повреди неколку лица.

Нападот се случи вчера во кампусот на Универзитетот Хосеи, во западниот дел на Токио, кога 22-годишна студентка по социологија од Јужна Кореја нападнала колеги студенти за време на предавање, пренесоа американските медиуми.

Токиската полиција соопшти дека осомничената веднаш била уапсена, а едно лице е повредено, додека други седум се здобиле со полесни повреди.

Според информациите на јапонските медиуми, мотивите за нападот се уште не се целосно јасни.

На распитот студентката рекла дека ги нападнала колегите затоа што ја задевале и игнорирале, а чеканот го нашла на кампусот.

Во моментот на нападот во кампусот имало околу 150 ученици.

11.01.2025 - 11:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега