Измамена скопјанка: Остана без 3200 евра по само еден телефонски разговор

 


Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 3.200 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

29.01.2025 - 15:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега