Апасиев до судиите: Јаз'к да ви се тогите што ги носите
Кривичниот суд се брани дека сообраќајќите биле ОПШТЕСТВЕН ПРОБЛЕМ. Во ред. Се согласувам, колеги.
Но, ние ги учиме студентите по право дека вашата судиска улога е, преку соодветно одмерување на санкциите и казнената политика, да направите ГЕНЕРАЛНА ПРЕВЕНЦИЈА ако воочите таков "општествен проблем".
А што правите вие, драги судии? Ги олабавувате критериумите до непрепознатливост и под влијание, враски, мито... судите преблаги казни, дури и во случаи со смртни последици кои не биле баш "несреќни случаи", туку резултата на дрога, алкохол и аздисаност.
И затоа, баш во вакви случаи, секој јуснатуралист ја сфаќа длабоката суштина на древното ТАЛИОНСКО НАЧЕЛО ("Око за око, заб за заб"). Оти, ако Државата преку imperium-от кој им го дала на судиите, не ги штити нашите животи, тогаш ние живееме во преддржавна состојба! А во таквата состојба на џунгла, немојте да се чудите, кога во блиска иднина некој родител на кој некоја догирана битанга му прегазила дете на пешачки, ќе ја земе правдата во свои раце и сам ќе му пресуди на убиецот кој има протекции и секаде поминувал неказнето, оти е "наше дете".
Ете до што не' доведовте, драги КОРУМПИРАНИ СУДИИ. Да живееме во дивјачка средина - без право, морал и закони. Јаз'к да ви се тогите што ги носите (со чест на ретките исклучоци), напиша лидерот на Левица на социјалните мрежи.
31.01.2025 - 15:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа