Јакимовски: Треба стратегија, да се вратиме во услови каде недвижноста ќе биде подостапна

 

Ивица Јакимовски, претседател на градежната комора, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека ни треба стратегија за тоа во која насока ќе се движиме како општество.

Според него, треба да се вратиме во услови каде недвижноста ќе биде подостапна.

„Одредени параметри кои што се погрешни и водат во погрешна насока, дали е тоа статистика или бројка, не е нешто кое што ќе го реши проблемот туку само дополнително пласира и создава лажна информација кај граѓаните дека таа локациите на централното градско подрачје ќе паднат. Невозможно е да се направи корекција поголема во цените, затоа што невозможно е да има поголема понуда“, додава Јакимовски.

05.02.2025 - 22:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега