Внимавајте: Кучиња скитници напаѓаат во Скопје

 

 

Полициските билтени секојдневно се полнат со вести за жители каснати од кучиња скитници.

Во текот на вчерашниот ден во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, 36-годипниот Е.Ф. од Скопје пријавил дека на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Исто така, во 16.50 часот во Полициската станица Центар, В.Ј.(42) од Скопје пријавил дека на булеварот „Крсте Петков Мисирков “ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Потоа, во 19.40 часот во Полициската станица Аеродром, 49-годишната Н.И. од Скопје пријавила дека на булеварот „12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.

07.02.2025 - 11:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега