Велешанец дома си чувал 11 кила опиум - заврши зад решетки
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа