ФОТО: Детали за рацијата во велешко - Полицијата приведе две лица
Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода 86-годишниот М.З. и 41-годишната М.З. од село Долно Јаболчиште, општина Чашка.
Како што информираат од МВР, при претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал", ловечка пушка ,,Црвена Застава", карабин ,,Хемерлес", два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол ,,ЦЗ- 99", 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин ,,Црвена застава"- расклопен на делови и карабин без ознаки.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
____________________________________________________________________________