Избувна пожар во куќа во Скопје, едно лице итно пренесено во болница
Вчера во 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Нерези, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на И.М.(72) од Скопје.
Екипа од Бригадата за протвпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, додека, неговиот син Н.М.(42) од Скопје, поради вдишување на чад, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош.
10.02.2025 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа