Рама: Заборавете на мојата оставка, само срцето или народот ќе ме отстрани од политиката

 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, нема да поднесе оставка и дека само срцето или народот можат да го тргнат од политиката.

Тој во видео-интервју на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници по апсењето на Велијај побрзале да побараат оставка, пишува на албанскиот Euronews.

„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат откако влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно брзо за да ме разбуди наутро, или народот на Албанија ќе ме отстрани“, рече Рама.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство (СПАК), а Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал (ЃККО) и одреди домашен притвор на неговата сопруга Ајоли Џоџи и нареди претрес во станот што го користеше.

11.02.2025 - 11:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега