Јаневска: Општините сами носат одлука за забрана на мобилните телефони

 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција кажа дека учениците се повеќе фокусирани кога кај нив не се присутни мобилни телефони. Јаневска потсетува дека училиштата се под ингеренции на општините и тие заедно со директорите на училиштата заеднички ја носат таа одлука.

„Во овој момент ќе видиме дали одземањето на мобилните телефони дава резултати, ќе се направи анализа. Но, секако, во ова денешно време може да има и потреба од употреба на такви уреди и при наставата. Па, оттука, наставникот, кој е носител на образовната дејност, ќе одлучи дали децата во тој момент ќе ги користат или нема да ги користат“, нагласи министерката.

Претходно, од Општина Центар беше посочено дека иницијативата за забрана на мобилни телефони во текот на наставата се спроведува успешно, таа е одобрена од наставничките совети, а позитивни реакции пристигнале и од педагозите, родителите и од стручната фела.

По нив, и Општина Аеродром донесе препорака учениците од прво до деветто одделение во сите основни училишта да не ги поседуваат кај себе и да не ги користат мобилните телефони за време на наставата.

11.02.2025 - 13:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега