Подгответе се: Снегот доаѓа утре попладне

 

Утре наутро времето ќе биде студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела.

11.02.2025 - 20:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега