Престанете да го користите: Повлечен лак за нокти поради хемиски ризик
Државниот инспекторат во Хрватска ги советува потрошувачите да престанат да го користат лакот за нокти „Babe Rich“, пренесуваат хрватските медиуми.
Лакот произведен во Полска, според Инспекторатот, претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети материи.
Дистрибутер во Хрватска е Рич Компани д.о.о. во Загреб, а Инспекторатот забранил пуштање на производот во промет и наредил уништување на производот.
13.02.2025 - 11:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа