Нов земјотрес ја стресе Калифорнија

 

Брегот на Калифорнија го потресе трет земјотрес за помалку од еден ден. Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала се случил денеска во 08:03 часот по средноевропско време во градот Хејворд.

Уште два земјотреси се случија шест часа претходно, на приближно 400 километри северно од брегот на Калифорнија. УСГС соопшти дека првиот земјотрес се случил во 02:06 часот по средноевропско време и бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала. Набрзо следеше втор земјотрес со јачина од 3,4 степени, три часа подоцна, во 4:51 часот по источно време. Претходните два земјотреси се случија на приближно 32 километри оддалеченост и во близина на брегот на Калифорнија.

13.02.2025 - 17:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега