Инцидент во училиште во Кавадарци: Ученик со повреди пренесен во болница

 


Вчера во 10:50 часот во ОВР - Кавадарци, од болницата било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од овој град.

По преземени мерки било утврдено дека малолетникот се здобил со повредите во средно општинско училиште во Кавадарци, при физичка пресметка со друг малолетник од село Корешница, демиркаписко.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

13.02.2025 - 15:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега