Мицкоски: Една земја од ЕУ се обидува да не врати во 12 век
Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека секаде надвор од земјава, пред што повеќе кредибилни соговорници, мора да се кажува вистината за Македонија и за нејзиниот евроинтеграциски пат. Како што изјави по посетата на Општина Гази Баба, тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Мора да кажеме која е нашата фрустрација и болка, напомена премиерот, да се бориме со факти и да укажуваме на двојните стандарди, иако една земја во ЕУ се обидува да се враќаме во средновековието, во 11-от или 12 век.
Според Мицкоски, земјава добива поддршка од сите страни за евроинтеграцијата. Мора да почнеме да победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и секаде каде што досега, за жал, поради неогдоворни политичари, како што рече, не сме имале таква амбиција.
-Од сите страни добиваме поддршка, никој не рекол „извинете, не ве поддржуваме да се интегрирате“. Сите ги разбираат нашите аргументи, сите позади завеса застануваат, стегаат рака и велат „тоа е тоа, таа е вистината, доста од двојни стандарди, треба да одите напред“, но, за жал, има една земја во ЕУ, сите ја знаеме, што се обидува наместо да работиме во 21/22 век, да се враќаме назад во средновековието, во 11-от или 12 век. Отприлика, тоа е реланоста. Инаку, буквално сите со симпатија гледаат кон оваа, би рекол, малубројна земја во срцето на Балканот, истакна Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа