Затворенички се тепале во Идризово - едната од нив тешки повреди заврши на Клиника

 

Во женското одделение во затворот „Идризово“, пред два дена, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Во пресметката, како што информираа од полицијата, учествувале осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
25.02.2025 - 15:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега