Стојаноски: Македонија треба да стане член на ЕУ, но со заштитен идентитет, достоинство и со крената глава

 


Како заменици координатори на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ заедно со колешките Дафина Стојаноска и Ели Панова остваривме средба со 13 европратеници кои имаат неколкудневна посета на Република Македонија, истакна пратеникот Бојан Стојаноски.

-Разговаравме за европскиот план за раст, политичките позиции на Република Македонија и реформите на владата. Република Македонија треба да стане член на Европската Унија, но со заштитен идентитет, достоинство и со крената глава, истакна тој.

27.02.2025 - 16:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега