Рубио: Сега топката е кај Русија

 


Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите со украинската делегација во Џеда изјави дека САД дале понуда која Украина ја прифатила - да прифати прекин на огнот и да почне преговори за трајно и одржливо завршување на конфликтот. 

Рече дека оваа понуда сега ќе ѝ биде пренесена на Русија и изрази надеж дека Москва ќе ја прифати.

-Сега топката е кај нив, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп сака крај на војната.

Кога новинарите прашаа зошто денеска не бил потпишан договорот за ретки минерали, Рубио објасни дека тоа не била тема на разговорите во Џеда. Рече дека договорот се преговара меѓу украинските и американските финансиски институции, но дека претседателите на двете земји дале инструкции на своите владини претставници да го финализираат.

На прашањето дали односите меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се „вратени во нормала“, Рубио одговори дека најважно е „мирот да се врати на вистинскиот пат“. Тој потенцира дека ова не е некакво ријалити шоу, туку „сериозна работа“ во која секој ден гинат луѓе.

-Денеска луѓе ќе умрат во оваа војна, вчера загинаа, а доколку нема прекин на огнот, за жал, ќе умираат и утре, нагласи Рубио.

 

11.03.2025 - 23:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега