ВМРО-ДПМНЕ: Мазут мафијата труела народ и екстра профитирала, правосудството ги штити

 


Обвинителите и судиите избрани во Мала Речица и Бихаќка го штитат криминалот на функционерите од СДС и ДУИ и мазут мафијата која користела канцероген мазут и го труела народот поради екстра профит, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Трансакциони судии и обвинители избрани во Струмица и Зајас ги штитат политичките елити и моќниците од бизнис фелата, кои преку набавка на мазут за електрани и ТЕЦ Неготино сториле криминал тежок 167 милиони. Тендер партнерите на СДС и ДУИ го труеле народот со канцероген мазут, а мазут мафијата изминатите пет години склучила вкупно 1776 договори за јавни набавки во вкупен износ од 137 милиони евра. Мазут мафијата, додека го труела народот со канцероген мазут, екстра профитирала од криминално злоупотребените државни пари, посочуваат од партијата.

„Судскиот систем ги заштитува функционерите од СДС и ДУИ и не дозволува законите да функционираат еднакво за сите, а поради таквите одлуки довербата во правосудството е два проценти.

Спрегата правосудство- СДС- ДУИ и мазут мафијата, мора да се прекине.

Неопходни се суштински реформи во судскиот систем, владеење на правото и правдата мора да функционира. Неопходно е да се врати довербата на граѓаните во институциите“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

14.03.2025 - 09:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега