Во договор со таткото ја држел сестра си затворена дома, полицијата го приведе

 


Полициски службеници од ОВР Гостивар на 13 март 2025 година во 23:30 часот го лишиле од слобода 21-годишниот Д.М. од Гостивар, по пријава од неговата 25-годишна сестра, дека, тој, во договор со нивниот татко кој се наоѓал со работа во странство, подолг период противправно ја држел затворена и не ѝ дозволувал да излегува од семејниот дом.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

14.03.2025 - 14:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега