Анкета: Над 79% од Русите имаат доверба во Путин
Над 79 отсто од руските граѓани имаат доверба во рускиот претседател Владимир Путин, додека 77,2 отсто од испитаниците ја одобруваат неговата работа како претседател, покажуваат резултатите од анкетата на Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).
Според анкетата, 79,3 отсто од испитаниците рекле дека му веруваат на Путин, додека 17 отсто немаат доверба во рускиот претседател.
Исто така, 77,2 отсто од руските граѓани ги поддржуваат неговите активности како претседател, додека 14,6 отсто не ја одобруваат неговата работа, пренесува РИА Новости.
14.03.2025 - 11:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа