Двајца пациенти пристигнаа во Загреб - Имаат тешки изгореници и повреди
Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утрово се пренесени во Хрватска. Тие ќе се лекуваат на Клиниката за трауматологија на КБЦ „Сестри милосрдници“.
Двајца пациенти кои утринава се примени на трауматолокото одделение имаат изгореници и повреди од вдишување на респираторниот тракт, па обезбедени се респиратори за механичка вентилација.
Владата во Загреб утрово извести дека хеликоптер на хрватската армија денеска и утре ќе превезува уште четворица пациенти.
За место на лекување е избрана Клиниката за трауматологија бидејќи има Оддел за изгореници.
Во пожарот во Кочани во дискотеката Пулс каде кобната вечер на 16 март настапуваа ДНК, животот го загубија 59 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа