Командирот кој раководеше со кочанската полиција кога се случи пожарот е меѓу приведените вечерва

 

Командирот кој раководел со полициската станица во Кочани кога се случи пожарот, а подоцна беше разрешен, е еден од седумтемина полициски функционери кои се приведени вечерва во рамките на проширувањето на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“, велат за телевизијата „24“ извори од МВР.

Како што најави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва, издадена е наредба за приведување на уште вкупно седуммина полициски началници, кои утре ќе бидат изведени пред судија.

Од ОЈО ГОКК засега официјално велат само дека „во рамки на предистражна постапка, МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници и дека до Обвинителството е доставена кривична пријава од страна на МВР“, најавувајќи повеќе информации за утре.

15.04.2025 - 21:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега