Трагедија ја потресе Македонија: Загина мотоциклист, сопатникот тешко повреден
Вчера околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Ј.(41) од с.Копаница, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа