Добил пари на рулет, па го искршил стаклото

 

На 16.04.2025 околу 23.45 часот во СВР Скопје, Е.С. од Скопје пријавил дека во казино во Радишани неколку лица, од кои едно познавал, физички го нападнале и му одзеле пари.

-Според пријавеното, тој играл рулет и откако добил пари го удрил рулетот и го искршил стаклото, по што за кратко време го викнал вработениот од обезбедувањето во канцеларијата, каде што дошле лицата и физички го нападнале, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

17.04.2025 - 18:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега