Манасиевски: СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност

 

СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност, одговори Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање за обвинувањата од опозициските партии дека истрагата се води селективно.

Во историјата на Македонија немало акција каде било уапсен актуелен министер, актуелен градоначалник, поранешни градоначалници и министри во исто време.

Брутално безобразие е партиите СДС и ДУИ да велат дека има селективна акција истите тие чии претседатели се товареа со украдени пари.

Венко Филипче не кажува дали има златна виза, а за Заев е познато дека има.

Да потсетиме за модуларната болница каде виновникот број еден тогашниот министер за здравство, а сега привремен чувар на фотелјата во СДС немаше заедно со тогашниот премиер Заев ниту еден притворен.

СДС се повеќе тоне заедно со ДУИ во безличностата, и во својата неспособност, одговори Манасиевски.

19.04.2025 - 13:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега