ВМРО-ДПМНЕ: Честит Велигден - да имаме празнични денови исполнети со мир

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од православна, католичка и протестантска вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, со желби за добро здравје, љубов, мир, спокој, благосостојба и радост во секој дом.

„Христовото Воскресение е ден на радоста и ден кога Христос ја победил смртта. Велигден е празник кога треба да имаме убава мисла, да помагаме на оние кои им е потребно, да бидеме со семејството и да имаме мир и спокој во душите.

Во овие времиња кога се работи на подобра економија, на повисоки плати, подостоинствен живот, менување на меѓународната политика, се вложува во секоја пора од општеството, ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од своите ветувања и реализации, бидејќи граѓаните ни се најважни!

Да го прославиме Велигден во духот на православието, да имаме празнични денови исполнети со мир, хармонија и добро здравје.

Нека ни е честит големиот празник Велигден!
Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!“, стои во овогодинешната честитка за Велигден на ВМРО-ДПМНЕ. 

20.04.2025 - 11:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега