Стефковски приреди велигденска трпеза во Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски вчеравечер приредил велигденска трпеза по повод Воскресението христово – Велигден.
Во обраќањето пред присутните, соопштија денеска од Општина Гази Баба, градоначалникот Стефковски говорел за ликот и делото на Исус Христос и за тоа дека ниту една друга личност, како личноста на Исус Христос и ниту еден друг настан како настанот со воскресението не предизвикале таков интерес и не направиле таков пресврт во историјата на светот и човекот.
- И доаѓањето на Исус Христос неговото живеење и неговото заминување биле пропратени со необични појави и случувања. Кога се родил во Витлеем се појавила необична ѕвезда на небото, а додека живеел од него излегувала сила која ги лекувала. Болни исцелувал, грешни поправал, гревови простувал и никој ниту пред него, ниту по него не живеел со таква сила, навел Стефковски.
Дополнително тој се осврнал и соживотот кој го имаат граѓаните од различни етнички заедници во општината.
- Од оваа година започнавме една нова традиција. За Бајрам се собравме на Ифрат со граѓаните од Исламска вероисповест, а денес на третиот ден од Велигден сме собрани тука на Велигденска трпеза. Само со взаемно почитување на религијата и традицијата ќе ја покажеме нашата големина пред се како индивидуи, а потоа и како народ, истакнал градоначалникот Стефковски.
Стефковски им упатил порака на граѓаните дека без разлика на етничката, верската или било каква друга припадност е да се почитуваме помеѓу себе, да си помагаме секогаш кога тоа е потребно. Во тагата да тагуваме, а во радоста да се радуваме
На велигденската трпеза присуствувале свештеници од МПЦ, пратеници во Собранието на Република Македонија, советници и голем број на граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа